Митревски: Ова е победа на целата репрезентација, сите имаа свој придонес

Голманот Никола Митревски имаше одличен настап. Со 13 одбрани помогна многу во победата на Македонија над Грција и стигна до посакуваниот резултат за првото место во групата.

„Не сакам да коментирам за мојата игра. Ова е спорт каде се седум на терен, плус девет на терен и стручен штаб. Секој има свој придонес и заслуга за пласманот на првенството“, вели Митревски.

Тој коментираше и за тоа што младите добиваат шанса за настап на уште едно големо првенство.

„Можеби можевме да победиме и со поголема разлика, но секое мало опуштање е дозволено со оглед на тоа што имавме пет разлика на пет минути до крај. Ни треба време додека помладите и понеискусни се снајдат и си го најдат своето место во репрезентацијата. Ова е второ првентство по ред како се на шампионат и после тоа веќе нема да бидат млади туку ќе имаат искуство“, рече Митревски.