Митревски и Маркоски добија нов соиграч

Екипата на Доброгеа Суд Констанца го донесе и четвртото засилување летово, а тоа значи дека Никола Митревски и Велко Маркоски добија уште еден соиграч за новата сезона. Воедно и новиот тренер на тимот, Звонко Шундовски добива зголеме ростер.

300x250

Се работи за средниот бек од Хрватска, Јанко Кевиќ, кој во Констанца доаѓа од тимот на Гезтепе од Турција.

Во својата кариера досега има играно за Медвешчак, Нексе, Сискија и Ал Сад. Последната година ја мина во Гезтепе, тим со кој настапуваше во Челинџ купот и стигна до осминафиналето.

Пред Кевиќ за тимот на Констанца потпишаа Салдаценка, Чиковани и Мочану, а останува да се види дали ќе има потреба за уште нови ракометари или Шундовски ќе одлучи со играчкиот кадар кој го има во моментов дека е доволно и може да дојде до посакуваните резултати во првенството.