Митревски и Маркоски го освоија купот на Романија

Македонските интернационалци Никола Митревски и Велко Марковски го освоија купот на Романија откако славеа над Темишвар со резултат 23-21. Ова е прв куп трофеј во историјата на клубот, а со овој триумф тимот на нашите интернационалци се избори за настап во Европа без разлика на пласманот во домашниот шампионат.

300x250

Темишвар подобро го отвори натпреварот и благодарение на одличната 5-1 одбрана успеа да стекне почетна предност на натпреварот. Добрата игра на Темишвар продолжи, а во 26.минута стигнаа до опипливи 12-8. Сепак, благодарение на одличните интервенции на македонскиот голман Митревски, Констанца успеа да се врати во игра и со серија од 3-0 на полувреме замина со пристојна негатива од -1, 12-11.

Во второто полувреме Констанца заигра многу подобро, пред се во одбраната. Најпрво израмни на 16-16, а три минути покасно го презема водството. Во последните десетина минути тимот на Митревски и Маркоски влезе со предност од 20-17, која успеа да ја одржи до самиот крај за конечен триумф од 23-21.

Ова беше македонски дуел на романскиот куп, бидејки во тимот на Темишвар настапува Златко Даслаловски.