Митревски за 24 Ракомет ТВ: Во второто полувреме бев оставен сам на себе (ВИДЕО)

Голманот на репрезентацијата на Македонија, Никола Митревски доби предност против Шпанија пред Борко Ристовски и одлично ја заврши својата задача запирајќи во првото полувреме дури 12 топки на противникот.

Со тоа Митревски беше и играч на средбата во редовите на Македонија, вели дека она што се случуваше во второто полувреме не води во правец кој се посакува.

„Секој сака да го заборави второто полувреме. Тоа беше вистинска катастрофа и добро би било што побрзо да го заборавиме и да се насочиме кон Исланд. Во второто полувреме беше и тешко да се брани бидејќи бев оставен сам на себе“, коментираше Митревски.

Вели дека не очекува да биде прв избор за голот против Исланд, а оваа средба денеска се игра од 18 часот.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.