Митревски за 24Ракомет ТВ: Шпанија секогаш е кандидат за медал, ама ние…(ВИДЕО)

Македонската репрезентација веќе втор ден се подготвува во Вараждин за следните три пресметки од главната фаза против Шпанија, Чешка и Данска.

Голманот Никола Митревски брани одлично на овој шампионат. Тој вели дека трите дена пауза ќе бидат доволни за подготовки пред Шпанија.

„Шпанија е ракометна велесила, секогаш е кандидат за полуфинале, финале. Ние ќе играме исто како на претходните натпревари, па што биде нека биде.“ – вели Митревски.

Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот…