Митревски за 24Ракомет ТВ: Не се посрамотивме на ниту еден натпревар (ВИДЕО)

Македонија го победи Чиле со 32-30 и го освои 15. место на Мундијалот во Германија и Данска. Голманот Никола Митревски имаше одлична партија против јужноамериканскиот противник и смета дека сепак треба да бидеме задоволни од пласманот.

„Ако тој пласман во Франција беше окарактеризиран од медиумите како успех, не гледам зошто и овој во Германија да не биде. Бевме рамноправни со сите, а игравме малтене со една постава“, вели Митревски.

Целосната изјава на голманот на романската Доброгеа Суд Констанца…