Митревски донесе нови бодови за Констанца

По тесниот пораз на тешкото гостување кај Магдебург во рамките на Купот на ЕХФ, ракометарите на Констанца продолжија со настапите во романскиот шампионат и во последниот натпревар славеа на незгодното гостување во Васлуи со 25:28.

Репрезентативниот голман Никола Митревски беше централна фигура кај гостите и имаше 14 одбрани, додека стандардно во дефанзива одигра и Велко Маркоски. Претстојниот викенд Констанца ја чека реваншот против Магдебург од 3 коло во Купот на ЕХФ.