Митревски ги излуде противниците, убедлива победа за Констанца

Тимот на Добргоеа Суд, или попознат како Констанца, за кој играат двајца македонски репрезентативци, Никола Митревски и Велко Маркоски, а спортски директор е Бранко Ангеловски, ја забележа четвртата победа во 9 одиграни кола во романскиот шампионат.

300x250

Лесен залак беше тимот на Фагараш, кој беше совладан со 33:22, а големи заслуги во дефанзивата и за малкуте примени голови имаат Македонците, особено Митревски, кој запре дури 19 одбрани, а постигна и 1 гол.