Митревски:Мојата верба во победата им даде мотив и на останатите

Еден од ракометарите кој имаше голем придонес во вечерашната победа на Македонија е секако голманот Никола Митревски. Популарниот Никуч одлично ја искористи шансата и со фантастичните одбрани на крајот на првото и почетокот на второто полувреме ја врати нашата репрезентација на патот кон големата победа.

300x250

 

“Честитки до моите соиграчи. Мојата верба во победата им даде мотив на останатите.Игравме одлично и во одбраната и во нападот. Честитки до сите.”