Митова најдобра на теренот, Сондерјиск ја продолжи победничката серија

Македонската интернационалка Сара Митова и нејзиниот тим Сондерјиск не запираат со победите во Првата Дивизија во Данска. Нова жртва на тимот кој има амбиции да се врати во најквалитетното друштво, беше Лингби.

300x250

Сондерјиск победи со 27:21, а победата беше обезбедна уште во првиот дел, кога домаќинот имаше предност од 6 голови, 15:9. Митова имаше голме придонес за победата и постигна 5 голови, со кои беше прв стрелец во нејзиниот тим. Следен предизвик за Сондерјиск и Митова ќе биде гостувањето кај Бјерингбро.

Фото: M. Poulsen