Митова најдобра на теренот – Сондерјиск убедлив

Тимот на Сондеријск, каде што настапува македонската интернационалка Сара Митова, забележа убедлива победа над составот на Бјерингбро со 30:22, во натпревар од 19 коло во Првата дивизија во Данска.

Митова беше најдобра во домашниот тим и успеа 5 пати да се запише во листата на стрелците. Сондерјиск останува 4 бодови зад лидерот Алборг, но има и натпревар помалку, па шансите за пласман во најквалитетното друштво, се уште постојат.