Митков се прости од репрезентацијата (ФОТО)

Десниот бек Влатко Митков вечерва против Чешка го игра својот последниот натпревар за националниот тим. Еден од столбовите на одбраната, кој беше дел од сите успеси на машкиот репрезентативен ракомет доби пригоден подарок од РФМ.

Митков, се афирмираше преку настапите за Пелистер, а подоцна својата кариера ја градеше низ бундеслигашките клубови, Вилштат, Вецлар, Хам, Балинген, потоа австриските Барнбах и Кремс. Тој досега настапи 91 пат во дресот со националниот грб и постигна 78 голови.