Митков не игра, ама навива за Македонија во Минхен (ФОТО)

Десниот бек Влатко Митков од пред две години не настапува за македонската репрезентација, но иако длбаоко во четвртата деценица се уште е активен со клупски настапи.

Тој игра за австрискиот тим Брегенц, но иако не е теренот и не може да им помогне на некогашните соиграчи, тој дојде во Минхен.

Ги посети репрезентативците во хотелот Хилтон во кој се сместени и им ја даде поддршката за претстојниот натпревар против Бахреин, а ќе дојде и на трибините во „Олимпијахале“.

Македонија стартуваше со победа над Јапонија на Мундијалот во Германија и Данска, а денеска се очекува да го забележи и вториот триумф.