Митков го наполни голот на Грците среде Атина

Ветеранот од Македонија кој ги брани боите на екипата на Брегенц имаше одлична игра и во Челинџ купот на гостувањето кај Аек во Атина. Тој го наполни голот на противникот во салата „Маруси“, но победата им припадна на домашните.

Аек победи со 29:25 и си обезбеди предност за реваншот така што ќе има убав резултат за дуелот кој следната сабота се игра во Брегенц. 

Митков ги водеше своите колеги и беше далеку пред нив со ефикасноста. Имаше 90 проценти реализација, а успеа да погоди деветпати со што покажа дека уште може да игра на високо ниво.

Брегенц е фаворит на овој натпревар и може да се очекува на 24 ноември да ја надмине негативата од четири гола и да се пласира во следната рунда.