Мисијата „Алжир“ успешно завршена: Младинците пристигнаа во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Новите ракометни херои, младинските репрезентативци на Македонија, конечно се вратија во Скопје. По цели две недели во Алжир, каде одиграа одличен Мундијал, и го освоија шестото место, што е најдобар резултат на некоја од македонските репрезентација на планетарен собир. Без Талески, кој веќе е на подготовките со Рајн Некар, сите останати ракометари со селекторот Темелковски пристигнаа во Скопје, но скоро никој од нив нема да има пауза, бидејќи започнуваат со клупските подготовки….