Миркуловски: Црногорците не се замараа многу со Германија

Македонските ракометари стартуваа со победа на Европското првенство, откако во драматичен натпревар беа поуспешни од селекцијата на Словенија. Избраниците на Раул Гонзалес веќе утре го имаат вториот предизвик, Црна Гора предводена од Драган Ѓукиќ. Еден од ракометарите кој истрпе најмногу удари од словенечките ракометари, беше Филип Миркуловски, кој играше повреден.

„Сакавме добро да го почнеме шампионатот со победа против Словенија, третопласитраната светска селекција, Утре не очекува тежок натпревар со Црна Гора. Тие изгубија релативно лесно од Германија, но ја гледаат нивната шанса со Македонија. Можеби криеја нешто, можеби не се замараа многу. Така што утре очекувам исто така тежок натпревар. Утре мора да победиме инаку вчерашната победа нема да има никакво значење. Ќе одиме чекор по чекор. Мислам дека сме добро подготвени, ќе одработиме уште еден тренинг и ќе излеземе на мегдан со Црногорците. Имам мал оток на зглобот. Тоа ми е хронично, го имав од порано, вчера лошо доскокнав. Но мислам дека до утре ќе биде се во ред и ќе видиме како ќе се одвиваат настаните.“ – вели Миркуловски.

Мечот меѓу Македонија и Црна Гора ќе се игра во „Арена Загреб“ со почеток во 20:30 часот.