Миркуловски со тројка на последната контрола

Тимот на Вецлар претрпе пораз од составот на Тун со 26:28 во контролна средба на која беа домаќини. Ова беше нова контрола за Филип Миркуловски и колегите, но премногу се комбинира на овие средби за да се добие вистинскиот лик на тимот за новиот шампионат.

На овој дуел Филип Миркуловски беше меѓу поефикасните играи на Вецлар. Тој успеа да реализира трипати и покажа дека неговата форма е во нагорна линија така што ова може само да го радува тренерот на екипата.

Покрај тоа во Вецлар имаат проблеми и со повредени играчи, па уште не можат во комплетен состав да го одработат она што тренерот го замислува.