Миркуловски се најде во големото друштво во Бундес лигата (ВИДЕО)

Натпреварите од новата сезона во Бундес лигата стартуваа, а таму и сезонава ќе играат Филип Талески и Филип Миркуловски.

300x250

Како што информиравме пред неколку дена, Миркуловски во новата сезона ќе игра со капитенската лента во екипата на Вецлар и со тоа се наоѓа во големото друштво.

Новата сезона носи и неколку нови капитени, па сите се најдоа на едно место во видеото подготвено од страна на Бундес лигата. Ова е знак дека во новиот шампионат ќе има многу новитети во клубовите, а секако и многу интересни натпревари.

Екипите на Миркуловски и на Талески своите први средби од сезонаа ќе ги имаат денеска.