Миркуловски и Вецлар немоќни против Магдебург

Во својот втор натпревар на домашен терен, екипата на Вецлар го доживеа првиот пораз сезонава откако не успеа да го совлада Магдебург кој беше надмоќен во текот на сите 60 минути и на крајот победи со 31:26.

Натпреварот започна одлично за домаќините со ран притисок кој им овозможи водство од 5:3 по првите седум минути. Тоа беше убаво отворање за Миркуловски и колегите, но вквата одлична игра на Вецлар траеше сè до 12 минута кога резултатот гласеше 8:5 во корист на домашниот состав.

По 12 минута како се да се промени во екипата на Вецлар, а гостите се разбудија од почетниот шок и полека, но сигурно го фатија ритамот на натпреварот, па дури и го свртеа на своја страна. Имаа 4:1 за пет минути и тоа ги врати гостите во игра, а и тајм-аутот кој го повика тренерот на домаќините, Каи Вандшнајдер беше недоволен за бавното распаѓање на играта.

На полувремето се замина со резултат 15:17, а почетокот на вториот дел донесе гол за Вецлар кој малку ја подгреа надежта кај навивачите, но залудно бидејќи до крајот на средбата гостите со својот брз стил на игра сигурно и убедливо го дотолчија противникот и славеја со 31:26.

Кај екипата на Вецлар најефикасен беше Стефан Чавор со седум гола, а во редовите на Магдебург се истакна Матијас Муше со девет погодoци. Миркуловски на оваа средба не успеа да постигне гол, но имаше една асистенција.