Миркуловски и Вецлар – (КИЛ)ери на фаворити!

Ракометарите на Вецлар направија вистинско изненадување откако славеа на гостувањето кај тимот на Кил со 25:26 во драматичен натпревар од 21 коло во Бундес лигата. Иако важеа за фаворити, „зебрите“ на крајот мораа со наведнати глави да ја напуштат салата.

300x250

Вецлар континуирано водеше во текот на целиот натпревар, а македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски имаше важна улога во големата победа. Тој постигна 2 гола од 2 обиди, но подели многу асистенции до соиграчите кои го полнеа голот на Вулф.

Линдског и Бјорсен со по 7 голови беа најефикасни кај победничката екипа, а Екберг и Нилсон со 6 погодоци се истакнаа кај Кил. Вецлар во претходното коло исто така го изненади фаворизираниот Гепинген.