Миркуловски и Вецлар го торпедираа Гепинген, остануваат во игра за Купот нa ЕХФ

Средниот бек на репрезентацијата на Македонија, Филип Миркуловски и неговиот Вецлар продолжија во победнички ритам во Бундес Лигата. Неговиот тим славеше на домашен терен над Гепинген со 29:19 и остана во игра за пласман во Купот на ЕХФ на 5 кола до крајот.

Миркуловски беше стрелец на 2 гола од 3 обиди, а најдобри во Вецлар беа Вебер со 9 и Колбахер со 8 голови. Следен предизвик за Жути и неговите соиграчи ќе биде гостувањето кај составот на Ацо Јоновски, Бергишер.