Миркуловски без погодок во поразот на Вецлар од Кил

Тимот на Вецлар каде настапуваат Миркуловски и Цветковски вечерва го забележа третиот пораз во низа. Вецлар загуби од Кил кој беше преголем предизвик, а поразот беше забележан со резултат 19:29.

Од нашите интернационалци во составот беше само Миркуловски кој успеа да забележи една асистенција, но немаше погодоци. Со овој пораз Вецлар останува на четири поени и ја продолжува битката за бегство од опасната зона.

Гостите денес беа солидни само во првиот дел. Имаа почетно водство кое беше брзо неутрализирано, а на полувреме се замина со нерешени, 12:12. Во вториот дел Кил влезе фуриозно и му дозволи на противникот да постигне само седум погодоци, а тоа беше доволно за убедливо да биде поразен.

За победата на Кил најзаслужни беа седумте погодоци на Магнус Ландин Јакобсен и Никлас Екберг. Кај Вецлар најпрецизен беше Емил Фред Ефорс кој погоди петпати.