Минатата година Вардар оваа тие: Навивачите на Монпелје со топло добредојде за европските шампиони! (ВИДЕО)

Ракометарите на новиот европски шампион Монпелје беа пречекани од стотици свои фанови на аеродромот во Монпелје. Додека најголемиот број од навивачите  познати како ” Плави лисици” кои беа во Келн се на пат за Монпелје, останатите фанови се организираа да ги пречекаат своите херои како што доликува.

300x250

Кога се отворија вратите на аеродромот голем број фанови со солзи радосници во очите го поздравија својот капитен Гигу кој со шампионскиот пехар во своите раце го прослави големиот успех со сите нив.

“Титулата им ја посветувам на сите оние кои не поддржуваа-изјави Мишел Гигу, единствениот ракометар од генерацијата на Монпелје која во 2002/2003 исто така стигна до европската титула. Некој од нив патуваа и по 20 часа со својот автомобил само да стигнат во “Ланксес Арената”, што ја покажува нивната посветеност и љубов кон клубот”.

Воодушевен од пречекот беше и францускиот репрезентативец и десен бек на Монпелје, Валентин Порт:

“Ова е неверојатно. Ме потсеќа на успесите со националниот тим, но да го постигнеш сето ова со момците со кои  го поминуваш секој ден е навистина прекрасно чуство. Би сакал да им се заблагодарам на сите наши фанови.”

Претседателот на Монпелје воодушевен од големиот успех на својот клуб им се заблагодари на сите, а посебно на навивачите без кои не би го постигнале сето ова.

“Ова беше навистина прекрасен викенд за нас и доказ дека Монпелје направи тим кој е  на врвот на Европа. Сакам да им се заблагодарам на сите кои учествуваа во овој успех, од раководсвтото до ракометарите и навивачите кои патуваа дури до Келн за да не поддржат. Без нив ние сме ништо.

Тренерот Патрис Канаје сеуште не е свесен за успехот кој го постигнаа тој и неговите ракометари.

“Свесни сме дека направивме нешто големо, но не и дека ја освоивме Лигата на шампионите. Полека се навикнуваме на големиот успех.-изјави Патрис Канаје.

По пристигнувањето ракометарите на Монпелје ќе имаат еден ден одмор, а потоа ќе бидат дел од програмата за прослава на шампионската титула која ќе биде организирана по тој повод.

Вечерва ќе биде организирана прослава во Градското собрание во Монпелје , а во четврток трофејот ќе биде изложен и во Дворецот на спортовите -“Рене Багнол. Во петок свеченоста ќе продолжи во Париз.