Милосављев стана „лисица“ – позираше во новиот дрес на Фуксе Берлин (ВИДЕО)

Поранешниот голман на Вардар и српски репрезентативец, Дејан Милосављев, во новата сезона ќе ги брани боите на бундеслигашот Фуксе Берлин.

Заедно со германските голмани, Силвио Хајнефетер и Матијас Цимер, ќе бидат триото чувари на мрежата на „лисиците“, а Милосављев ќе има тешка задача за да се избори за минутажа.

Милосављев со главните ѕвезди на Фуксе Берлин, Пол Друкс и Фабијан Виде ги промовираа дресовите за следната сезона.

Погледнете…