Милосављев за 24 Ракомет ТВ: Десет години го гледав ова, сега го живеам мојот сон (ВИДЕО)

Голманот на Вардар, Дејан Милосављев уште еднаш одбрани 60 минути на натпревар во Лигата на шампионите и имаше одлично издание. Тој помогна тимот да дојде до нова победа. Повторно имаше двоцифрен број на одбрани и беше еден од најдобрите на теренот.

Милосављев е во константна форма, а иако против Рајн Некар имаше две различни полувремиња тој успеа да запре удари на противникот во моментите кога беше најпотребно. Успеа да одбрани неколку тешки удари и помогна во создавањето на разликата во финишот од средбата.

„Можам да кажам дека досега имав многу слушнато за атмосферата која се прави овде. Во претходните десет години и многу гледав на телевизија, но сега можам да кажам дека го живеам мојот сон во Вардар. Желбите ми се исполнуваат. Секоја пофалба за ваквата публика. Воодушевен сум“, изјави Дејан Милосављев за 24 Ракомет ТВ после средбата.

Комплетната изјава можете да ја проследите во видеото во продолжение.