Милосављев за 24Ракомет ТВ: Важно ни е публиката да почувствува дека се бориме за Вардар! (ВИДЕО)

Вардар со триумф од 33-27 (16-13) над европскиот првак Монпелје ја заврши групната фаза од Лигата на шампионите. Во осминафиналето Вардар ќе игра со шестопласираниот тим од Група Б, екипите на Мотор Запорожје или Загреб.

Голманот Дејан Милосављев имаше 13 интервенции против францускиот тим. Тој беше задоволен од одиграното на овој дуел.

„Нас ни е важно публиката да почувствува дека се бориме за дресот на Вардар. Некогаш имате, некогаш не. Мислам дека покажавме дека вредиме“, вели Милосављев.

Целосната изјава на српскиот репрезентативец погледнете ја во видео прилогот…