Милиќ меѓу голманите со најмногу интервенции во СЕХА (ВИДЕО)

Арпад Штербик имаше неверојатна сезона во Лигата на шампионите и бранеше многу тешки удари. Тој успеа да одбрани за Вардар за многу победи, но во СЕХА лигата главниот збор во најголемиот дел од сезоната ја имаше Страхиња Милиќ.

300x250

Голманот имаше над 100 интервенции и со нив успеа да се вброи меѓу „чуварите на мрежата“ кои имаа најголем број на одбрани.

Милиќ влезе во топ 5 голманите според бројот на интервенциите, па ова беше доказ дека Вардар имаше добра поддршка од своите голмани и во СЕХА лигата, а добра минутажа имаше и Даниел Ѓорѓески.