МИЛАН ЛЕВОВ Е НАЈНОВО ЗАСИЛУВАЊЕ НА РАБОТНИЧКИ!

Поранешниот македонски репрезентативец, Милан Левов (28) е најновото засилување на Работнички. Иако беше поврзуван со поголем број на македонски суперлигаши, меѓу кои Пелистер важеше како фаворит во трката, сепак Работнички успеа прв да стигне до услугите на поранешниот репрезентативен бек. Со оваа аквизиција екипата на Андон Бошковски добива искусен ракометар на можеби во овој момент најдефицитарната позиција во составот.
Милан Левов има настапувано во повеќе македонски клубови, а меѓу другите го носеше дресот на Вардар и Металург.