Миклер за 24 Ракомет ТВ: Два бода против Вардар во неговата Арена е нешто прекрасно (ВИДЕО)

Голманот на Веспрем, Роланд Миклер кој обично секогаш брани одлично кога игра против екипи од Македонија или против репрезентацијата на Македонија, после средбата против Вардар имаше причина да биде задоволен. Тој коментираше за проблемите во првите 30 минути, а потоа и за промените кои се случија во игрта во продолжението.

„Имавме тешко прво полувреме и на паузата беше бурно во соблекувалната. Сепак, откако излеговме на теренот и бевме далеку подобри. Тренерот имаше на што да укаже на паузата, но имавме и доволно време за да се поправиме и да докажеме дека можеме да играме на еден ваков терен. Секогаш кога ќе освоите бодови против еден ваков тим каков што е Вардар, во една ваква Арена со неверојатна атмосфера секогаш е нешто прекрасно“, изјави Роланд Миклер за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја проследите во видеото во продолжение.