Мешков тргна со победа, но Извиѓач беше тврд орев

Ракометарите на Мешков Брест во новата сезона од СЕХА влагаат како главни конкуренти на Вардар во битката за титулата, а имаа потежок старт на сезоната од очекувањата на гостувањето во БиХ кај Извиѓач. Белорусите мораа добро да се испотат за да стигнат до победа бидејќи противникот се покажа во одлично издание, па на крајот беше само 33:29.

300x250

Првите четири минути беа проследени со цврста игра, а првиот гол падна веќе во 4. минута кога Мешков го отвори резултатот. Откако конечно успеаја да погодат, ракометарите на Мешков стигнаа и до плус четири, а во 8. минута имаа 5:1.

Две минути подоцна Мешков преку брза контра го зголеми водството на плус пет. Токму овој гол како да го вклучи алармот кај ракометарите на Извиѓач кои во рок од пет минути се вратија во игра и намалија на еден гол разлика. До крајот на првиот дел одново имаше серија на погодоци кои го однесоа Мешков во солидна предност, но со низа на погодоци врати и Извиѓач и на полувремето се замина со резултат 16:17 во корист на составот од Белорусија.

Стартните неколку минути од вториот дел го донесоа првото водство за екипата на Извиѓач и во 32. минута поведоа со 19:17. Откако една минута подоцна Мешков го израмни резултатот, текот на натпреварот продолжи во игра гол за гол каде краткотрајни предности имаа домаќините, но никако не успеваа да се одлепат.

Ваквата игра заврши на десет минути пред крајот со една брза контра која ја искористи Мешков и го врати во водство со што им се врати самодовербата и користејќи го падот во играта кај домаќините успеаја да си обезбедат предност која до крајот на натпреварот ја одржаа и славеја со резултат 29:33.

Кај победникот на денешниот натпревар посебно се истакна Максим Баранау кој беше непогрешлив и погоди 11 пати од исто толку обиди. Во составот на домаќините најсигурен реализатор беше Марко Вукиќ кој погоди шест пати од 11 обиди.