Мешков донесе тренер на голмани од Словенија

Шампионот на Белорусија, кој и сезонава ќе игра во СЕХА-лигата, Мешков Брест во новата сезона ќе биде предводен од страна на познатиот стратег од Шпанија, Маноло Каденас, а тој ќе соработува со тренер на голмани од Словенија.

На тренинзите на Мешков Брест се приклучи голман кој во својата биографија како играч има и бронзен медал од Олимписките игри во Сеул во 1988 година. Роландо Пушник ќе работи со „чуварите на мрежата“ и ќе треба да придонесе за што е можно повеќе одбрани.

Пушник имаше одлична играчка кариера, а на Олимписките игри настапи и во 2000 година, но тогаш во дресот на Словенија со која заврши на 8. позиција. Роден е во 1961 година во Целје, а како тренер на голмани мина еден период и во Катар.

Во Мешков Брест се задоволни од неговата работа, а тој ќе има многу поголема улога во втората екипа откаде треба да се добијат голмани за иднината на клубот.