Мешков Брест издржа едно полувреме против Барселона

Иако пружија солиден отпор ракометарите на Мешков Брест загубија од каталонскиот гигант Барселона со 21-29, што е втор пораз по ред на домашен терен за белорускиот првак по оној од Веспрем минатиот викенд.

Избраниците на Маноло Каденас одржуваа резултатска рамнотежа до 4-4, а потоа Барселона преку Доленец, Томас и Палмарсон стигна до највисоките +3, 4-7. Домаќните во продолжение заиграа многу подобро и поангажирано во одбраната.

Пешиќ скроти неколку удари и со серија од 6-1, Мешков водеше со 10-8. Сепак каталонците не дозволија нивниот пост да трае предолго и навреме се вратија во игра. На пауза се замина со водство на Барселона со 14-15.

Во вториот дел неизвесно беше само пет минути, до 17-17. Потоа шпанскиот првак се одлепи на 17-20 и до крајот само рутински ја одржуваше, односно зголемуваше предноста. Домаќините се обидоа на да се вратат во игра, но тоа не им појде од рака и мечот заврши 21-29.

Бековскта линија Ѓорѓиќ, Шикурински и Шилович се изнапромашуваа. Тројцата заедно погодија четири пати од 17 обиди. Најефикасни кај Барселона беа Мем, Мортенсен и Гомез со по пет голови, а кај Мешков се истакнаа Обрановиќ и Ѓукиќ со исто толку.