Меч на квалификациите, победата е еднаква на прво место

Денешниот дуел од квалификациите за Европското првенство во 2020 година во кој Македонија и гостува на Турција е практично меч на овие квалификации за нашите репрезентативци со оглед на тоа што доколку Македонија дојде до победа денеска практично го заверува првото место бидејќи потоа на домашен терен против Грција ќе треба само да се потврди улогата на фаворит.

Киксот којшто се случи во Кожани сега е лекција за ракометарите и сите добро знаат дека тоа не смее да се повтори. Затоа сите влегуваат максимално мотивирани на денешниот меч во Ескишехир и јасно е дека ќе се даде максимум на теренот за да се дојде до позитивен епилог.

Македонија не може да смета на Манасков кој е повреден, на другите играчи се тука и ќе треба да покажат дека имаат сили за уште еден добар резултат и после победата и ремито со Исланд да продолжат со добрите игри.

И Турците имаат свои сметки бидејќи сакаат како третопласирани да дојдат до шампионатот, но Македонија мора до триумф за да има подобра позиција при ждрепката за групите за Европското првенство. Затоа денеска победа во Ескишехир е еднаква на првото место во Групата 3.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2020

ГРУПА 3

5.КОЛО

СРЕДА, 12 ЈУНИ

18:00ч

ТУРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА

19:00ч

ГРЦИЈА – ИСЛАНД

6.КОЛО

НЕДЕЛА, 16 ЈУНИ

18:00ч

МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА

ИСЛАНД – ТУРЦИЈА

ТАБЕЛА: 1. Македонија 5 бода (115:112); 2. Исланд 5 (125:112); 3. Турција 4 (101:109); 4. Грција 2 (94:113).