Мец ја продолжува потерата по Вардар, Неагу промаши за победа на ЧСМ Букурешт

Ракометарките на Мец ги задржаа шансите за првото место во групата 2 од главната рунда во Лигата на шампионите, откако славеа на гостувањето кај Турингер со 29:31. Сега се на 4 бодови разлика од Вардар, а ги пречекуваат македонските шампионки во следното коло на домашен терен.

Кристина Неагу имаше многу лоша шутерска вечер со само 5 голови од 14 обиди, а згора на тоа го промаши и клучниот шут за победа на ЧСМ Букурешт на 5 секунди до крајот на дуелот против Ростов. Конечниот резултат беше 22:22, а за победата може повеќе да жалат гостинките, бидејќи во неколку наврати имаа и по 3 голови предност.