Мец прв доаѓа во Скопје: Вардарки почнуваат дома во јануари, а завршуваат во Подгорица во март

Откако станаа познати сите учесници во 2. фаза од Лигата на шампионите во женска конкуренција веќе е познато и како ќе изгледа распоредот. Вардар стартува на домашен терен против екипата на Мец на крајот од јануари, додека последниот натпревар во групната фаза ќе го има од 9 до 11 март и тоа во Подгорица.

Како што е познато следуваат уште шест меча на патот кон четврт-финалето, а на Вардар му требаат барем три победи за да може да го потврди своето учество во нови елиминации од Лигата на шампионите.

Ќе следуваат пеколни месеци и пол, но јасно е дека Вардар ќе влезе како фаворит и целта ќе биде да се освои првото место бидејќи потоа ќе се има полесна задача на патот кон Будимпешта. Системот е ист како и во минатите сезони односно најдобриот од групата се соочува со четвртопласираниот од другата, додека оној што ќе заврши на второто место игра со третопласираниот од другата група.

Вардар е единствен со максимални осум поени во групата 2 и се очекува тоа да биде огромна предност, а добрата вест е што во првиот меч на домашен терен ќе се игра против ривалот кој сега е на 2. место и има само два поени помалку.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ЗА ВАРДАР

ГЛАВНА ФАЗА (ГРУПА 2)

1. КОЛО: (26-28.01.2018)

ВАРДАР – МЕЦ

2. КОЛО: (02-04.02.2018)

БИТИГХАЈМ – ВАРДАР

3. КОЛО: (09-11.02.2018)

ВАРДАР – БУДУЌНОСТ

4. КОЛО: (23-25.02.2018)

МЕЦ – ВАРДАР

5. КОЛО: (02-04.03.2018)

ВАРДАР – БИТИГХАЈМ

6. КОЛО: (09-11.03.2018)

БУДУЌНОСТ – ВАРДАР