Металурзи во посета на ОУ Димитар Миладинов (ФОТО)

Дел од ракометарите на Металург, конкретно големите надежи на македоскиот ракомет Мартин Томовски и Мартин Серафимов, беа во посета на Основото Училиште „Димитар Миладинов“.

Тие двајцата имаа можност да поразговараат со дел од учениците, да разменат мислења колку во денешно време е важно младите да се занимаваат со било каков спорт.

„Беше убава можност да се дружиме со основците и да ги поканиме да дојдат на некои од следните наши натпревари да ни дадат поддршка од трибините. Се надеваме дека во иднина ќе има уште дружења од ваков карактер.“ – велат Томовски и Серафимов.

Следен натпревар за Металург ќе биде дуелот против Војводина во рамките на СЕХА Лигата на 4 февруари.