Металурзите со свои импресии од ждрепката: Редно е другите да се плашат од Металург!

По извлекувањето на групите на ЕХФ Лигата на шампионите, каде екипата на македонскиот шампион Металург ќе игра во групата “А” заедно со Кил, Псж, Загреб, Ла Риоха и еден квалификант ( Брест или Татран Прешов), со свои импресии излегоа и дел од ракометарите.

300x250

Наумче Мојсовски:

Добивме исклучително тешки противници и не чека голема борба. Без никакво сомнение фаворити се екипите на Кил и на Пари Сен Жермен, но тука е и Загреб, клуб со голема традиција. Екипата на Натурхаус оваа сезона гради респектабилен тим, а опасен ќе биде и квалификантот, без разлика дали се работи за Брест Мешков или за Татран Прешов. Но, и покрај се, сметам дека шансите на Металург се сосема солидни и очекувам пласман во наредната фаза

Ванчо Димовски:

Првпат не влечеа од вториот шешир и тоа нешто значи и вреди. Редно е другите да се плашат од Металург и нема да згрешам ако кажам дека влегуваме во тројката главни фаворити во групата, заедно со екипите на Кил и на Пари Сен Жермен. Не чека интересна сезона, голема борба, но и можност да ја задржиме позицијата која ја стекнавме во европскиот ракомет

Павел Атман:

Без разлика што основни фаворити во групата се екипите на Кил и на Пари Сен Жермен, а и Шпанците не се за потценување, јас лично сум презадоволен од групата и сигурен сум дека ќе се пласираме во следната фаза, а таму што биде нека биде

Филип Миркуловски:

Не чека уште една спектакуларна сезона, вистински празник за нашите фанови. Сметам дека екипата на Пари Сен Жермен нема да си дозволи две лоши сезони во Лигата на шампионите, Кил е Кил, па преостануваат Ла Риоха, Загреб и квалификантот. Од сите нив сме поквалитетни и со поголемо реноме, па, според мене, и најблиску сме до следната фаза во Лигата на шампионите