Металург ќе се бори да настапува во ЛШ и следната сезона

Македонскиот вицешампион Металург повторно ќе аплицира за дополнително место во Лигата на шампионите следната зезона. Тимот од Автокоманда посакува повторно да биде дел од ЛШ, па ќе побара од Европската ракометна федерација Македонија повторно да добие дополнително место во Лигата на шампионите за сезоната 2018/2019.
Директен пласман во најсилното клупско натпреварување има Вардар како шампион на Македонија.

300x250

“И следната сезона Металург има желба и амбиција да биде дел од најсилното европско клупско натрпеварување, Лигата на шампионите. Денеска ни завршуваат обврските во домашното првенство, а во текот на идната недела преку канцеларијата на РФМ ќе ја испратиме нашата апликација до ЕХФ. Се надеваме дека со нашата игра, нашиот квалитет и со создавачкиот концепт ќе ги задоволиме критериумите на ЕХФ и повторно ќе бидеме дел од ракометната елита“, вели Зоран Цветановски, претседателот на Металург.