Металург јуниор со нова победа го зацврсти 2. место во Првата лига

Ракометарите на Металург јуниор остануваат цврсто на 2. позиција во Првата лига, а најновата победа дојде против екипата на Риниа, која ја совладаа со 35:22.

Уште во првиот дел од средбата се виде дека гостите нема да имаат шанси на овој дуел. Покрај тоа на овој дуел играа без својот најдобар ракометар Ангелковиќ, кој е и најефикасен во шампионатот, па на тој начин задачата за домашните беше уште полесна.

Металург јуниор беше постојано во предност и само ја зголемуваше позитивата која до крајот стигна до 13 погодоци, па овие бодови го зацврстија Металург на 2. место, а веќе овој викенд ќе следува дерби дуел против составот на Бутел и тоа може да биде многу важен меч.

На овој меч домаќини се ракометарите на Бутел, а тие во првиот дел од сезоната славеа како гости кај металурзите.

МЕТАЛУРГ ЈУНИОР – РИНИА   35:22 (14:10)

Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Гледачи: 200. Судии: Војо Христовски и Бобан Мајнов од Скопје. Делегат: Стево Костенчев од Скопје.

МЕТАЛУРГ ЈУНИОР: Куртановиќ, Алушовски, Мазниковски 9, Ѓуровски, Новаковиќ 5, Ников 6, Гичев 7, Савов, Петров, Димовски 2, С. Крстевски 4, И. Крстевски 1, Симоновски 1, Милошевски, Трајчевски.

Седмерци: 6/6, Исклучувања: 12 мин.

РИНИА: Шенол, Идризи, Стојчевски 3, Сејди 2, Туша, Шулески 6, Исмаили 5, Илиоски, Латифи, Енис Мемеди, Тахири, Емини 6, Енес Мемеди.

Седмерци: 3/6, Исклучувања: 4 мин.