Металург јуниор подготвен за гостувањето во Неготино

Составот на Металург јуниор очекувано славеше со 32:23 против Спартак во меч во кој имаше предност во сите 60 минути. Металург ја потврди улогата на фаворит, па во ниту еден момент не се соочи со проблем околу победата.

300x250

Уште во првиот дел беше создадена предност од четири гола, а потоа во продолжението откако десетина минути се играше рамноправно следуваше нова серија од Металург јуниор кој стигна до убедливи осум до девет гола разлика кои ги чуваше до крајот на средбата.

Ова воедно беше и подготовка за последното тешко гостување сезонава на кое не смее да се направи кикс. Металург јуниор му гостува на Вардар Неготино, а победа таму може да значи и место во баражот за пласман во Супер лигата. Во спротивно тоа ќе ја врати Струга во игра за 2. место, па 25. коло ќе донесе големо дерби.

МЕТАЛУРГ ЈУНИОР – СПАРТАК               32:23 (13:9)

Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Гледачи: 50. Судии: Глигор и Спаско Ќаеви од Скопје. Делегат: Стево Костенчев од Скопје.

МЕТАЛУРГ ЈУНИОР: Куртановиќ, Алушовски, Ѓуровски 1, Новаковиќ 6, Ников 5, Гичев 1, Савов, Петров 3, Димовски, Ќосев, Петковски 3, Крстевски 6, Симоновски 6, Бошковски, Трајчевски 1.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 10 мин.

СПАРТАК: Треневски, Исаиловски, Величковски 4, П. Манев 3, Маневски 1, Б. Манев 9, Миленковски, Јакимовски, Неделковски 6.

Седмерци: 4/7, Исклучувања: 2 мин.