Металург финишираше со победа над Партизан во Кањижа

Ракометарите на Металург го заврши учеството на турнирот во Кањижа со победа откако денеска го совлада составот на Партизан со 28:23. „Металурзите“ имаа добар меч и беа во предност во текот на целата средба така што на крајот од дуелот можеа да се радуваат.

Првото полувреме мина во израмнета игра. Металург беше во гол до два предност, но Партизан успеваше да биде близу и да израмнува. Таквата игра донесе до 12:11 на крајот од првите 30 минути, па ова беше најава за интересно второ полувреме.

Во вторите 30 минути составот на Металург успеа да биде во позитива. На средина од полувремето Металург имаше гол позитива и водеше со 18:17. Сепак, тука почна силниот финиш и за 15 минути ракометарите на Металург дојдоа до десет погодоци и успеаја да се изборат за висока предност која на крајот изнесуваше пет погодоци.

Голем удел во оваа победа имаше голманот Предраг Мијатовиќ, кој денеска имаше 11 одбрани и успеа да одбрани одлично против тимот од кој дојде во Металург.

Металург победи со 28:23 и на тој начин се избори за 3. место на турнирот во Кањижа каде што екипите на Нексе и Хапоел Рамат Хашарон ќе се борат за титулата.