Металург стави акцент ама на погрешно место: Нов пораз, иста приказна… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Поголеми екипи од Металург се обиделе да играат два натпревари во два дена, но ретко кога резултатот бил поволен. Затоа и не се очекуваше спектакл од дуелите со преполовената Стеауа и португалскиот Спортинг.

Тренерот Брестовац истакна дека нема да се оди на резултат бидејќи и не реално е да биде така, но спортската надеж секогаш последна умира. За жал кај Металург оваа сезона тоа се случува десетина минути пред да заврши натпреварот. Стеауа вчера триумфално го развеа романското знаме на теренот во „Борис Трајковски“, а денес Спортинг го потврди реномето кое се обидува да го изгради во овие неколку години, со надеж дека од наредната ќе се најде меѓу А-листата во Лигата на шампионите.

Гледачите се незадоволни, фановите разочарани, а додека не се промени нешто во мозаикот на Металург, нема ништо ново од Автокоманда, нов пораз, иста приказна…

ФОТО:Кочо Сотировски