Металург со стари познаници и во новата сезона од ЛШ

Екипата на Металург ја има речиси истата група како и минатата година. Дури четири екипи кои играа во групата Д минатата сезона сега се во групата Ц, а ги нема само актуелниот првак Монпелје и Мотор Запорожје.

Составите на Металург , Спортинг, Бешикташ и Чеховски Медведи и минатата сезона беа дел од иста група и разигруваа за пласман понатаму, но завршија од 3. до 6. позиција и не успеаја.

Сега ќе имаат нов обид, а овој пат друштво ќе им прават Бјерингбро од Данска и Татран Прешов од Словачка.

Во другата група има три екипи кои играа заедно и лани. Тоа се Адемар Леон, Елверум и Динамо Букурешт.

ГРУПА Ц

МЕТАЛУРГ (Македонија)

БЈЕРИНГБРО (Данска)

СПОРТИНГ (Португалија)

БЕШИКТАШ (Турција)

ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ (Русија)

ТАТРАН ПРЕШОВ (Словачка)

ГРУПА Д

ВИСЛА ПЛОЦК (Полска)

АДЕМАР ЛЕОН (Шпанија)

ЕЛВЕРУМ (Норвешка)

ВАКЕР ТУН (Швајцарија)

ДИНАМО БУКУРЕШТ (Романија)

РИХИМАЕН КОКС (Финска)