Металург со празни раце, десетмината од Стеауа си заминаа со три бода од Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Металург не успеаја да издржат и да направат серија на добри резултати и беа поразени на средбата против Стеауа со 28:29. Во меч во кој и двете екипи имаа свои моменти и можеа да дојдат до победата на крајот составот на Стеауа се покажа како подобар.

Металург го имаше последниот напад и шансата за реми, но не успеа да искористи, па на крајот бодовите заминаа за Романија. Инаку, на овој дуел гостите беа само со десет ракометари кои успеаја да го издржат силниот ритам и дојдоа до победа.