Металург сигурен на гостувањето во Прилеп

Екипата на Металург се врати привремено на врвот на табелата во Женската лига откако се избори за победа од 29:19 на гостувањето кај тимот на Деспина. Составот од Автокоманда не беше убедлив, но успеа да стигне до триумф така што додаде нови три поени на бодовното салдо.

Металург беше подобар во двете полувремиња, а иако не беше комплетен успеа да се избори за предност од десет гола на крајот од средбата.

После првите 30 минути екипата на Металург водеше со 13:9 и делуваше сигурно така што беше јасно дека прилепчанки тешко ќе можат да се изборат за нешто повеќе на овој дуел. Оттаму во продолжението разликата беше зголемена, па на крајот бодовите заминаа за Скопје со ракометарките на Металург кои стигнаа до три значајни поени.

ДЕСПИНА – МЕТАЛУРГ                19:29 (9:13)

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Гледачи: 100. Судии: Никола Пауновски и Оливер Спироски од Струга. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

ДЕСПИНА: Димитриеска, Ристевска, Богојеска, Боризоска 1, Е. Рипилоска 1, Ристеска, Камческа, Крстевска 4, Цветкоска 2, Димитрова 2, Камческа 4, Спиркоска, Седлоска 1, Јовеска, Л. Рипилоска 5.

Седмерци: 5/5, Исклучувања: 8 мин.

МЕТАЛУРГ: Илјаз, Кркачева, Паскал, Софтовска 1, Гугуљанова 3, Кукунешевска 1, Ѓорѓиевска, Владева 3, Гулицоска 4, Тасевска 6, Темелковска 2, Граматова 6, Стојановска 1, Стефановска, Гајиќ 2, Брунчевиќ.

Седмерци: 4/7, Исклучувања: 2 мин.