Металург сигурно и убедливо и против Деспина

Составот на Металург без проблеми доби уште еден дуел од домашното првенство овој пат совладувајќи го тимот на Деспина. Победникот беше решен после убедливата игра на стартот на второто полувреме, а конечните 31:18 се показател за разликата во квалитетот меѓу екипите.

300x250

Гостинките од Прилеп водеа со 1:0 и 2:1, а потоа следуваше серија од 6:0 за Металург и тука беше направен целосен пресврт за предност од пет кола која се одржуваше до крајот на првото полувреме. На одмор се замина со 13:8, па во вториот дел од средбата почнаа да ја зголемуваат разликата.

Темпото постојано се засилуваше, а тоа донесе сигурна предност уште рано во вториот дел за да може мирно да се одработи завршницата и да се обезбеди победа и на овој меч за останување на врвот на табелата.

МЕТАЛУРГ – ДЕСПИНА                31:18 (13:8)

Сала: Автокоманда во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Иво Георгиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Зоран Кимовски од Скопје.

МЕТАЛУРГ: Илјаз, Паскал, Софтовска 2, Гугуљанова 4, Ѓорѓиевска 1, Владева 1, Тасевска 1, Смајлоска 1, Арсениевска 3, Дамчевска, Калајџиевска 1, Граматова 2, Ѓеоргиевска 1, Гајиќ 10, Брунчевиќ, Гичевска 4.

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 6 мин.

ДЕСПИНА: Димитриеска, Ристеска, Богеска, Гулеска, Е. Рипилоска, Камческа 1, Крстеска 1, Цветкоска 1, Спиркоска, Димитрова 1, Јовеска, Богеска, Конеска 5, Камческа 6, Димоска, Седлоска, Л. Рипилоска 3.

Седмерци: 5/7, Исклучувања: 6 мин.