Металург се сели во „Јане Сандански“ – ќе ги игра европските натпревари во домот на Вардар!

Тимот на Металург, кој годинава ќе биде македонски претставник на Македонија во Купот на ЕХФ, ќе стартува од третото квалификациско коло како носител. Тоа значи дека металурзи ги прескокнуваат првите две пречки и ќе имаат само една до пласманот во групната фаза, каде што би имале уште три ривали.

Салата во Автокоманда не ги задоволува критериумите за да биде домаќин на натпреварите од второто по ранг европско клупско натпреварување, па Металург мораше да побара друго решение. Раководството ја пријави салата „Јане Сандански“ како примарна, додека втора опција ќе биде досегашниот дом за европски натпревари – СЦ „Борис Трајковски“.

Доколку Металург успее да обезбеди место во групата од ЕХФ Купот, СЦ „Јане Сандански“ не само што ќе биде домаќин на екипи како Веспрем, Келце, Монпелје…туку и на силни екипи како Магдебург, Рајн Некар, Нант и други. Тимот од Автокоманда ќе го дознае својот противник на 15 октомври.