Металург се врати од минус шест, но на крајот загуби од Рамат Хашарон

Ракометарите на Металург го одиграа четвртиот натпревар во претсезоната, а прв на турнирот во Кањижа. Момците на Дамир Стојановиќ по трите порази во Чехов од Чеховски Медведи, Стеауа и Мешков Брест, загубија и од израелскиот Рамат Хашарон со 30-32.

По стартните 4-4, Израелците се одлепија на 5-10 по петнаесетина минути игра. Во овој период одбраната на металурзи беше лесно пробивана, а нападот не беше на посакуваното ниво. Исто беше и по 20 минути, кога Рамат Хашарон водеше со 7-12.

Тоа беше причина Стојановиќ да побара тајм-аут. Дупјачанец одбрани два пенали, се надоврзаа Јагуриновски, Поповиќ и Шилегов со голови и Металург израмни на 13-13. Имаше шанса за водство, но ја пропушти пред Поповиќ буквално во последната секунда да погоди за 14-15 на пауза.

Металург повторно тргна лошо во вториот дел и Хашарон имаше плус шест, 18-24. Во еден момент беше 22-25, Металург беше упорен и на три минути до крајот намали на 30-31 со серијата голови на Поповиќ. Дупјачанец пак одбрани, но Поповиќ не успеа да погоди за реми.

На минута и половина до крајот, Рамат Хашарон тргна во нападот, но погрешија. На македонскиот тим му се отвори нова шанса, но одново Поповиќ не реализираше, Израелците погодија во последните секунди за конечни 30-32.

Утре и задутре на турнирот во Кањижа, Металург ќе игра со Нексе и Партизан.