Металург против Спортинг ја брка втората победа во ЛШ

По премиерната победа во Лигата на шампионите над Чеховски Медведи, ракометарите на Металург ќе го одиграат дуелот од шестото коло во елитната конкуренција против португалскиот првак Спортинг Лисабон.

Овој натпревар доаѓа во незгоден момент за тимот од Автокоманда, поради натрупаниот распоред и мора да го игра по само еден ден од пресметката со Стеауа во регионалната СЕХА лига. Сепак стратегот Данило Брестовац одмори дел од првотимците вчера, па тие ќе бидат подготвени за тешкиот натпревар.

Спортинг можеби не игра на посакуваното ниво на стартот на оваа сезона, но се уште има шанси за пласман во разигрувањето од Ц и Д групите. Португалците славеа на првата пресметка со Металург со 34-26.