Металург пак со сили за едно полувреме, претрпе незаслужен убедлив пораз во Лисабон

Два часа после големиот успех на Вардар против Монпелје ракометарите на Металург тргнаа по истиот пат и имаа одлични 30 минути во кои целосно му парираа на противникот од Лисабон, па дури во добар дел од мечот беа и во предност. Сепак, на крајот од мечот бодовите останаа за екипата на Спортинг која славеше со 34:26.

Металург успеа уште на стартот да поведе со 2:0 и да биде во убава предност која ја чуваше дури до завршницата на првото полувреме. Нападот функционираше во текот на сите 30 минути, а и одбраната. Томовски имаше одлични 30 минути во кои собра десет одбрани и речиси ги откажа стрелците на противникот и тука беше направена предноста, но во финишот на полувремето падна ритамо кај сите и Спортинг успеа да израмни и да има 13:13 на крајот од првиот дел.

Веднаш после ова следуваше тежок удар за „металурзите“. Сето она што го градеа 30 минути го загубија за само 3-4 минути игра во продолжението. Тогаш Спортинг дојде до 16:13 и после оваа разлика само ја зголемуваа. Во ниту еден момент немаше шанси за Металург да се врати, па на крајот сосема незаслужено тимот од Автокоманда загуби со 34:26.

СПОРТИНГ – МЕТАЛУРГ              34:26 (13:13)

Сала: „Жоао Роча“ во Лисабон. Судии: Хавиер Алварез Мата и Јон Бустаманте Лопез од Шпанија. Делегат: Роберт Дујардин од Франција.

СПОРТИНГ: Чудиќ, Скок, Ашанин, Валдез 3/4, Араухо 4/5, Бјелановиќ, Руесга 6/6, Карол Марцо 2/2, Сола 5/6, Роча 0/1, Карнеиро 2/2, Стјепаовиќ, Јонеа 1/2, Никчевиќ 4/4, Фраде 1/1.

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 4 мин.

МЕТАЛУРГ: Томовски, Даниловски, Јагањац 2/3, Лазаревски 4/4, Димитриоски 1/1, Токиќ 2/4, Шилегов 1/2, Танкоски 6/6, Серафимов 5/5, Миличевиќ 2/2, Маџовски, Стојановиќ 2/2, Арсеновски.

Седмерци: 5/5, Исклучувања: 4 мин.